Врз основа на член 33 став (1) алинеја 1 од Деловникот на Советот на Општина Кочани („Службен гласник на Општина Кочани“ бр. 5/2006, 2/20012 и 4/2015), ја свикувам 56-тата седница на Советот на Општина Кочани за 29.04.2021 година, (четврток),со почеток во 09.00 часот во Мултикултурниот центар- Кочани, со следниот предлог за
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Извештај за извршување на Буџетот на Општина Кочани за период I квартал 2021 година
- Предлог- одлука за давање на трајно користење без надоместок на движни ствари-персонални компјутери, сопственост на општина Кочани.
- Предлог- програма за измена и дополнување на Програмата изградба и одржување на општински патишта и улици во општина Кочани за 2021 година
- Предлог- програма за изменување на Програмата за работа во областа на располагање со градежно земјиште во сопственост на Република Македонија на подрачјето на општина Кочани за 2021 година.
- Предлог- одлука за измена на распоред на средствата на Буџетот на Општина Кочани за 2021 година
- Предлог- план за изменување и дополнување на Годишниот план за јавни набавки на општина Кочани за 2021 година.
- Предлог- план за изменување и дополнување на Планот на програми за развој на општина Кочани за период 2021-2023.
- Предлог- одлука за утврдување приоритетни проекти.
- Предлог- одлука за сопствено учество – кофинансирање на проект „Изградба на локален пат мв.Крушка – мв.Ајдар втор дел .
- Предлог- одлука за сопствено учество- кофинансирање на проект Реконструкција на ул„Роза Петрова“ втор дел.
- Предлог- одлука за сопствено учество- кофинансирање на проект изградба на ул .„563“- Лесна индустрија.
- Извештај за работењето на КЈП „Водовод“ – Кочани за период од 01.01.до 31.03.2021 година, со финансиски показатели.
- Проекција за користење на водата за пиење во сезоната пролет-лето 2021 година, од системот за водоснабдување.
- Годишен извештај за работењето на Центарот за развој на Источен плански регион за 2020 година.
- Годишен извештај за спроведувањето на Програмата за развој на Источниот плански регион за 2020 година.
- Извештаи за работењето на овластените инспектори на Општина Кочани во 2020 година.
- Информација за работата на НУ Центар за култура „Бели мугри”- Кочани за 2020 година и Програма за работа во 2021 година
- Информација за состојбата со дивите депонии во градот и населените места со предлог мерки за нивно разрешување.
- Информација во врска со одржувањето на ДАФ во Кочани – 2021 година.
- Информација за загуби на вода во водоснабдителниот систем на КЈП Водовод Кочани и процент на наплата на комуналните услуги по реони.
- Информација за постапката за изработка на Локална урбанистичко планска документација со намена А1 – домување во станбени куќи.
- Информација од ОВР Кочани за ситуацијата со безбедноста, кражбите и разбојништвата во последните два месеца на територија на општина Кочани
- Информација за состојбата со Корона вирусот Ковид- 19 на подрачјето на Општина Кочани.