– Пред десетина дена почнавме со акција за садење во централното градско подрачје и на неколку детски игралишта, и еве продолжуваме со граѓанскиот сектор, тоа покажува дека водиме грижа за заштитата на животната средина и за што повеќе зелена маса, а со тоа и почист воздух во Кочани. Досега се засадни 300 садници обезбедени од Буџетот на Општина Кочани, ќе се засадат уште 200 од КЈП „Водовод“, што значи дека до крајот на наредната седмица ќе имаме 500 нови дрвца во градот – изјави градоначалникот Николчо Илијев.
Се планира улицата „Тодосија Паунов“ дополнително да се уреди и со разделно зеленило, а наскоро ќе почне озеленувањето и на двата кружни тека коишто оваа улица ја спојуваат со „Киро Кикенски“ и „Македонска“.
Претставници од неколку граѓански организации коишто учествуваа во акцијата за засадување нови садници, ги поздравија мерките што ги презема Општина Кочани за поздрава животна средина и упатија апел го граѓаните за совесно однесување кон градското зеленило.