Врз основа на член 50 став (1) точка 16 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија “бр.5/2002), а во врска со член 16 став (1) и член 17 став (1) и (2) од Закон за младинско учество и младински политики („Службен весник на Република Северна Македонија“бр.10/2020) и член 40, член 40-а и член 40-б од Статутот за изменување и дополнување на Статутот на Општина Кочани („Службен гласник на Општина Кочани“ бр.12/2020), Градоначалникот на Општина Кочани на ден 24.02.2021 година објавува
ЈАВЕН ПОВИК
за номинирање на претставници од формите на организирање и здружување на младите заради формирање на Иницијативен одбор кој ќе учествува во процесот на конституирање на локално собрание за млади на Општина Кочани