В петок, на 12 мај, со почеток во 9 ч. на Градскиот стадион „Никола Мантов“ во Кочани, по седми пат ќе се одржи Пролетниот крос.
На традиционалната манифестација ќе учествуваат ученици од основните и средните училишта во Кочани, а се поканети и студенти, вработени во образованието и вљубеници во спортот од различни генерации. Најуспешните учесници ќе добијат награди.
Кросот вообичаено завршува со ревијалната трка на наставниците по физичко и здравствено образование од основните и средните училишта од Кочани.
Пролетниот крос е во организација на Сојузот на училишен спорт – Кочани, а под покровителство на градоначалникот на Општина Кочани, Ратко Димитровски.