Во организација на Сојузот на училишен спорт – Кочани, а под покровителство на градоначалникот на Општина Кочани, Ратко Димитровски, на Градскиот стадион „Никола Мантов“, по седми пат се одржа Пролетниот крос.

На манифестацијата учествуваа околу 600 ученици од основните и средните училишта во Кочани и ветерани.

Во трката на 60 м за првоодделенците и второодделенците, победија Кире Хазуров од „Малина Попиванова“ и Матеја Илиева од ОУ „Св. Кирил и Методиј“; најбрзи од третите и четвртите одделенија беа Мартин Атанасов од „Никола Карев“ и Јалсда Алиова од „Малина Попиванова“; а од петтоодделенците и шестоодделенците први на целта стигнаа Давид Костов од ОУ „Св. Кирил и Методиј“ и Андреја Донева од „Никола Карев“.

Симар Алијов и Сандра Карова од ОУ „Малина Попиванова“ победија во трките за седмо и осмо одделение, а од деветтоодделенците кои трчаа на 400 м, најуспешни беа Виктор Паунов од „Раде Кратовче“ и Андреја Стојчева од „Никола Карев“.

Од средношколците први на целта стигнаа: Петар Марковски (СОУ „Гошо Викентиев“), Марија Коцева (СОУ „Љупчо Сантов“), Филип Ѓорѓиевски („Гошо Викентиев“) и Јана Лазарева („Љупчо Сантов“).

Традиционално, се натпреваруваа и ветераните, а првото место и годинава го освои Ѓорѓи Николов