По објавениот Конкурс за доделување на 30 стипендии на редовни студенти жители на општина Кочани за студиската 2020/2021 година до крајниот рок за поднесување на пријави до Општина Кочани се поднесени вкупно 43 пријави.
Вкупно 9 (девет) кандидати до Општина Кочани преку емајл имаат поднесено Изјава – Барање за повлекување на поднесена пријава за стипендија, односно дека се откажуваат од општинската стипендија бидејќи се во листата на доделени стипендии од Министерство за образование и наука.
Вкупно 10 кандидати не ги исполнуваат условите утврдени во Конкурсот за доделување на 30 стипендии на редовни студенти жители на општина Кочани за студиската 2020/2021 година.
Вкупно 24 студенти ги исполнуваат условите за добивање на општинска стипендија, од кои:
- 13 стипендии за студенти кои оствариле висок успех во студирање со најмалку 8,00 просек,
- 2 стипендии за студенти од Ромска етмничка припадност,
- 4 стипендии за студенти од социјални семејства и
- 5 стипендии за студенти од медицинските науки.
Подетални информации има во Записникот од Комисијата во прилог.