Врз основа на член 25 од Статутот на КЈП,,Водовод,,Кочани Управниот одбор на КЈП,,Водовод,,Кочани на својата 44-та седница одржана на ден 01.12.2020 година ја донесе следната
О Д Л У К А
За ослободување од камата за заостанат долг
Член 1
СЕ ОДОБРУВА корисниците на услуги на КЈП,,Водовод,,Кочани, физички и правни лица кои имаат заостанат долг за извршени комунални услуги (тужен и редовен), да го платат без пресметана камата за задоцнето плаќање доколку го платат целосно во предвидениот рок.
Можноста да се плати долгот без пресметана камата од страна на корисниците е со определено времетраење и тоа од ден 01.12.2020 година до ден 25.12.2020 година.
По истекот на рокот од став 2 на овој член, оваа одлука престанува да се применува.
Член 2
Одлуката не важи за органите на државната и локалната власт и другите државни органи основани согласно со Уставот и со Закон и институциите кои вршат дејности од јавен интерес утврден со закон , а организирани како агенции, фондови, јавни установи и јавни претпријатија основани од Република Северна Македонија и Општина Кочани, вклучително и Општина Кочани.
Член 3
Каматата за задоцнето плаќање која ќе произлезе во наредната сметка за комунални услуги, а врз основа на извршената уплата на заостанатиот долг до денот на плаќање, ќе биде финансиски одобрена.
Член 4
Се задолжува Сметководство, Книговодствена служба, Одделение за наплата пласман и продажба и Одделение за застапување со физички и правни лица за спроведување на оваа одлука.
Член 5
Оваа одлука влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе се применува од 01.12.2020 година до ден 25.12.2020 година согласно ст.1 и ст.2 од оваа Одлука.
Управен одбор
Претседател,
Ратко Христов