Врз основа на член 35 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/2014 , бр. 44/2015, 193/2015 , 31/2016 , 163/16, 64/18 и 163/18 ) , а согласно член 96 став 1 од Законот за урбанистичко планирање ( Сл. Весник на РСМ бр. 32/20) Градоначалникот на Општина Кочани го издава следното

С О О П Ш Т Е Н И Е

Се известуваат граѓаните на Општина Кочани дека се организира јавна презентација и јавна анкета по Архитектонско -урбанистичкли проект за препарцелација на ГП 7.4 и ГП 7.5 од Измена и дополона на дел од Блок 7 од ДУП за град Кочани дел од УЕ 10 , Општина Кочани,со Технички број 54/20 од октомври 2020, со површина 0,53 ха , изработен од ДПТИ Урбанпроектинг ДООЕЛ Велес. Границите на проектниот опфат e следна : На Север со ул. Крижевска (564);
– На Исток со ул. Новопроектирана 2,на Југ со пешачка патека и на Запад со КП 16059/13 и ул. 565-крак 2;

ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА
По Архитектонско -урбанистички проект за препарцелација на ГП 7.4 и ГП 7.5 од Измена и дополона на дел од Блок 7 од ДУП за град Кочани дел од УЕ 10 , Општина Кочани,со Технички број 54/20 од октомври 2020, ќе се одржи на ден 9.12.2020г. со почеток во 12,00 часот , во дворот на Општина Кочани, со почитување на пропишаните мерки за заштита од Ковид-19.

ЈАВНА АНКЕТА

Јавната анкета ќе трае 5 работни дена, а ќе се спроведе во периодот од 7.12.2020 год. до 14.12.2020 год. ,во кој рок заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со проектниот опфат можат да достават забелешки, предлози и мислења на анкетни листови ,во писмена форма , кои можат да ги подигнат од архивата во општинската зграда, и од веб страната на Општина Кочани, или во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам. Во прилог на анкетните листови да се достави копија од катастарски план и имотен лист за парцелата за која се доставува забелешката.
Графичкиот прилог од Архитектонско -урбанистички проект за препарцелација на ГП 7.4 и ГП 7.5 од Измена и дополона на дел од Блок 7 од ДУП за град Кочани дел од УЕ 10 , Општина Кочани ќе биде изложен на огласна табла пред влезот на зградата на Општина Кочани, и на веб страната на општината www.kocani.gov.mk., а подетални информации во врска со Архитектонско урбанистичкиот проект ќе можат да се добијат во одделението за урбанизам и заштита на животна средина кое се наоѓа на 1кат во општинската зграда.

 

Линк до анкетен лист и урбанистички план.