Според стручните служби од Општина Кочани, ова е една од критичните точки на улицата, каде целата површина на коловозот ќе добие нов асфалт, исто како што целосно е асфалтиран коловозот и од приватната здравствена ординација „Ацо Доневски“ до спојот со улицата „Киро Кикенски“, кај Старата филтер станица. На останатиот дел од „9 Мај“ ќе се поправи само средината на коловозот поради пукнатината долж улицата.
„9 Мај“ е последната од седумте улици што се реконструираа во градот, според Програмата за уредување на градежното земјиште за 2020 година.
Се реконструираа и два крака на улиците „Маршал Тито“ (крак 1 – 90 м и крак 2 – 130 м), „Илинденска“ (250 м), „Коста Рацин“ (220 м) и „Четврта македонска бригада“ (260 м). На реконструкцијата на улицата „Плачковица“ ѝ претходеше замена на водоводната мрежа во должина од 300 м.
Се очекува во наредниот период, со средства од Буџетот на Општина Кочани да се асфалтираат и улиците „Борис Ефтимов“ и „Васил Главинов“.