На Општина Кочани ѝ се доделени средства од Владата на РСМ преку заемот на Светска банка за „Проектот за поврзување на локални патишта“ во износ од 964.533,25 евра, кои ќе се користат во наредните години за улици и патишта.
Во првата јавна набавка Општина Кочани аплицираше со реконструкција на ул. „Тодосија Паунов“ – лев коловоз, со должина од 955,4 м, од Кружниот тек до спојот со ул. „Киро Кикенски“ (кај новата бензинска пумпа на „Лукоил). Овој проект е одобрен и се очекува избор на изведувач до крајот на ноември.
За втората јавна набавка Општина Кочани аплицираше со реконструкција на улицата „Гошо Викентиев“ со должина 336,5 м од м.в. Колор до спојот со улицата „Тодосија Паунов“ и за улицата „Раде Кратовче“ со должина од 632,87 м од задниот влез на Општина Кочани до спојот со улицата „Боро Ловџија“. Овие проекти се во фаза на одобрување во Министерството за транспорт и врски и Општина Кочани постапи по забелешките од координаторите и се очекува одобрување на проектите.
Лице од Општина Кочани за примање забелешки е Сања Гашпарова: 078 262 684; s.gashparova@kocani.gov.mk