Врз основа на член 50 став (1) т.4 и т.16 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр.5/02), а во врска со член 22 став (1) т.2 и т.9 од истиот закон, член 4 став (1) од Одлуката за утврдување на начинот, условите и постапката за субвенционирање на граѓаните жители на општина Кочани на дел од тршоците за печки на пелети и за инвертер-клими бр.09-1931/1 од 31.08.2020 година („Службен гласник на Општина Кочани“ бр.9/2020) и согласно точка II, подточка 3 од Програмата за активностите на Општина Кочани во областа на заштитата на животната средина во 2020 година („Службен гласник на Општина Кочани“ бр.13/2019), Општина Кочани објавува
ЈАВЕН ПОВИК
за
субвенционирање на граѓани жители на општина Кочани
на дел од трошоците за печки на пелети и за инвертер-клими
- Опис на јавниот повик:
- Општина Кочани со цел да ги стимулира граѓаните жители на општина Кочани (домакинствата) за примена на нов начин на греење, со кој ќе се намали загадувањето на воздухот на подрачјето на општина Кочани, на граѓаните на општина Кочани што купиле печка на пелети или инвертер клима во периодот на траењето на јавниот повик кој изнесува 30 дена сметано од денот на објавувањето, ќе им надомести дел од трошоците направени при купувањето на печка на пелети или инвертер клима во висина од по 10.000,00 денари, нето износ по барател (домаќинство) според условите утврдени во овој Повик.
- Јавниот повик трае 30 дена сметано од 14.09.2020 година до 14.10.2020 година.
- Јавниот повик е објавен во дневниот печатен македонски весник „Нова Македонија“, на огласната табла на Општина Кочани и на веб-страницата на Општина Кочани.
- Субвенционирањето на граѓаните жители на општина Кочани во трошоците за печки на пелети и за инвертер-клими ќе се финансира од Буџетот на Општина Кочани за 2020 година, Програма Р1, ставка 464.
- Вкупните средства планирани за субвенционирање на граѓаните жители на општина Кочани во дел од трошоците за печки на пелети и за инвертер-клими изнесуваат 700.000,00 денари.
- Висината на поединечната субвенција по барател/домаќинство изнесува 10.000,00 денари, нето износ.
- Субвенционирањето ќе се врши во рамките на планираните буџетски средства според принципот: „прв дојден, прв услужен“.
- Исплатата на субвенцијата ќе се врши врз основа на донесено решение од Градоначалникот на Општина Кочани, сè до искористување на предвидените средства.
- Право на учество:
- Право на учество имаат жители на Општина Кочани кои што купиле печка на пелети или инвертер клима во периодот од објавувањето на јавниот повик 14.09.2020 година до 14.10.2020 година, и кои ќе достават навремено и комплетно барање за субвенција согласно условите од овој повик и ги исполнуваат условите од овој повик.
- Барање за субвенција може да поднесе само едно лице од едно домаќинство за еден вид субвенција – за печка на пелети или за инвертер клима.
- Барателите кои имаат поднесено барања за субвенција по истекот на крајниот рок за поднесување на барања или немаат уредна и комплетна документација немаат право на субвенција.
- Услови кои треба да ги исполнува барателот за субвенционирање за печки на пелети:
3.1. Секој барателот кој поднесува барање за субвенционирање за печки на пелети треба да ги исполнува следните услови:
– да е жител на општина Кочани ,
– да има платено данок на имот за станбениот објект каде што е инсталирана или ќе се инсталира печката на пелети заклучно со 2020 година,
– печката на пелети да ја има купено во периодот на траење на јавниот повик сметано од 14.09.2020 година до 14.10.2020 година,
– во домаќинството да нема друг член што поднел барање за добивање субвенција,
– до поднесување на барањето да бил корисник на печка на јаглен, дрва, нафта или мазут,
– објектот во кој е инсталирана или ќе се инсталира печката на пелети да не е во фаза на градба,
– печката на пелети да е инсталирана/ монтирана,
– барателот да нема користено ваков вид субвенција.
3.2. Барателот за исполнување на условите од т.3.1, со барањето ја доставува следната документација:
- копија од лична карта,
- копија од трансакциска сметка,
- изјава за давање согласност за користење лични податоци,
- изјава за семејна состојба,
- потврда од Општина Кочани дека има платено данок на имот за станбениот објект каде што е вградена или ќе се вгради печката за пелети заклучно со 2020 година,
- фотографија од печката на јаглен, дрва, нафта или мазут која ја користел,
- фотографија дека печката на пелети е инсталирана, а доколку печката на пелети во моментот на поднесувањето на барањето не е инсталирана се поднесува изјава со која барателот се обврзува истата да ја инсталира најдоцна до истекот на рокот од 30 дена кој ќе му биде дополнително определен од комисијата, во спротивно барањето ќе му биде одбиено,
- доказ дека купувањето на печката на пелети е извршено во периодот на траење на јавниот повик сметано од 14.09.2020 година до 14.10.2020 година и тоа фискална сметка или фактура со извод од банка за извршена уплата за купена печка на пелети, договор или друг вид на доказ за плаќање на рати, (во оригинал или копија заверена кај нотар),
- изјава заверена кај нотар, со која барателот под морална, материјална и кривична одговорност ќе потврди дека:
- до поднесувањето на барањето бил корисник на печка на јаглен, дрва, нафта или мазут,
- објектот во кој е/ќе се инсталира печката на пелети не е во фаза на градба,
- во домаќинството нема друг член што поднел барање за добивање на овој вид субвенција и
- нема користено ваков вид субвенција.
- Услови кои треба да ги исполнува барателот за субвенционирање за инвертер клими:
4.1. Секој барателот кој поднесува барање за субвенционирање за инвертер клими треба да ги исполнува следните услови:
– да е жител на општина Кочани ,
– да има платено данок на имот за станбениот објект каде што е вградена или ќе се вгради инвертер климата заклучно со 2020 година,
– климата инвертер да ја има купено во периодот на траење на јавниот повик сметано од 14.09.2020 година до 14.10.2020 година,
– во домаќинството да нема друг член што поднел барање за добивање ваков вид субвенција,
– до поднесување на барањето да бил корисник на печка на јаглен, дрва, нафта или мазут,
– објектот во кој ќе се вгради инвертер климата да не е во фаза на градба,
– инвертер климата да е инсталирана/ монтирана,
– барателот да нема користено ваков вид субвенција.
4.2. Барателот за исполнување на условите од т.4.1, со барањето ја доставува следната документација:
- копија од лична карта,
- копија од трансакциска сметка,
- изјава за давање согласност за користење лични податоци,
- изјава за семејна состојба,
- потврда од Општина Кочани дека има платено данок на имот за станбениот објект каде што е вградена или ќе се вгради инвертер климата заклучно со 2020 година,
- фотографија од печката на јаглен, дрва, нафта или мазут која ја користел,
- фотографија дека климата инвертер е инсталирана/монтирана, а доколку инвертер климата во моментот на поднесувањето на барањето не е инсталирана се поднесува изјава со која барателот се обврзува истата да ја инсталира најдоцна до истекот на рокот од 30 дена кој ќе му биде дополнително определен од комисијата, во спротивно барањето ќе му биде одбиено,
- доказ дека купувањето на инвертер климата е извршено во периодот на траење на јавниот повик сметано од 14.09.2020 година до 14.10.2020 година и тоа фискална сметка или фактура со извод од банка за извршена уплата за купена клима инвертер, договор или друг вид на доказ за плаќање на рати (во оригинал или копија заверена кај нотар),
- изјава заверена кај нотар, со која барателот под морална, материјална и кривична одговорност ќе потврди дека:
- до поднесувањето на барањето бил корисник на печка на јаглен, дрва, нафта или мазут,
- објектот во кој е/ќе се инсталира инвертер климата не е во фаза на градба,
- во домаќинството нема друг член што поднел барање за добивање на овој вид субвенција и
- нема користено ваков вид субвенција.
- Краен рок за поднесување на барање за субвенција за печка на пелети или за инвертер клима е 14.10.2020 година до 15:30 часот. Секое барање поднесено после овој рок ќе биде отфрлено.
- Начин на поднесување на барање за субвенција за печка на пелети или за инвертер клима: Барателот потребните обрасци и тоа: образецот на Барањето за субвенција за печка на пелети или за инвертер клима, образецот на изјава за давање согласност за користење лични податоци, образецот на изјава за семејна состојба, образецот на изјава со која барателот се обврзува печката на пелети/инвертер климата да ја инсталира најдоцна до истекот на рокот од 30 дена кој ќе му биде дополнително определен од комисијата (ова изјава се поднесува ако при поднесување на барњето за субвенција печката на пелети/инвертер климата не е монтирана/инсталирана) и образецот на Изјавата која треба да ја завери на нотар, може да ги подигне од Едношалтерска канцеларија на Општина Кочани, ул.Раде Кратовче бр.1, Кочани, секој работен ден во работно време од 7,30 ч.-15,30 ч, како и од веб страницата на Општина Кочани http://kocani.gov.mk/.
Барањето за субвенција, комплетирано со целокупната потребна документација се поднесува во затворен коверт во Едношалтерска канцеларија на Општина Кочани ул.„Раде Кратовче“ бр.1, Кочани 2300, со ознака: „Барање за субвенција за – купена печка на пелети или клима инвертер. До Комисијата за спроведување на постапка за субвенционирање.“
- Начин на спроведување на постапката:
- Постапката за субвенционирање за печки на пелети и инвентер клими ќе ја спроведе комисија формирана од Градоначалникот на Општина Кочани.
- По поднесеното барање за субвенција, Комисијата формирана од Градоначалникот за таа намена врши контрола на терен во домот на барателот во врска со набавката и инсталирањето/ монтажата на печките на пелети и инвертер клими.
- Доколку комисијата од увидот на лице место утврди дека барателот нема купено печка на пелети или клима инвертер, Комисијата ќе поднесе предлог до Градоначалникот да го отфрли барањето за субвенција.
- Доколку Комисијата од увидот на лице место утврди дека купената печка на пелети или клима-инвертер не е инсталирана/монтирана ќе определи дополнителен рок од 30 дена за инсталирање/монтажа на истата, а доколку по истекот на дополнителниот рок барателот не ја инсталира/монтара печката на пелети или климата-инвертер, Комисијата ќе поднесе предлог до Градоначалникот да го отфрли барањето за субвенција.
- При разгледување на поднесеното барање со приложената документација, доколку Комисијата утврди дека барателот ги исполнува условите од објавениот јавен повик за субвенција, Комисијата ќе поднесе предлог до Градоначалникот да го прифати барањето за субвенција и ќе ги образложи причините за тоа.
- При разгледување на поднесеното барање со приложената документација, доколку Комисијата утврди дека барателот не ги исполнува условите од објавениот јавен повик за субвенција, Комисијата ќе поднесе предлог до Градоначалникот да го отфрли барањето за субвенција и ќе ги образложи причините за тоа.
- Дополнителни информации: Дополнителни информации може да добиете на тел.033/274-001, моб.тел.072/306-065 Јалчн Неџипов.
Бр.08-2001/4 14.09.2020 година
Кочани |
Општина Кочани Градоначалник Николчо Илијев, ср |