Се асфалтира улицата „Четврта македонска бригада“ во Кочани. Се поставува нов асфалтен слој во должина од 260 м, а ќе бидат извршени поправки и на тротоарот на потегот од крстосницата на влезот во Кочани до спојот со улицата „Скопска“. Овој дел од улицата имаше сериозни оштетувања кои го отежнуваа сообраќајот на угорницата кон населбата Текешински Лозја.
Активностите на „Четврта македонска бригада“ се одвиваат во рамките на реконструкцијата на седум улици во градот. Според Програмата за уредување на градежното земјиште за 2020 година за реконструкција се подготвуваат и „Плачковица“, два крака од „Маршал Тито“ (кај Мултикултурниот центар) „Илинденска“, „Коста Рацин“ и улицата „9 Мај“.
До крајот на годинава се планира реконструкција и на улиците „Раде Кратовче“ на потегот од плоштадот до Бавчалукот и „Гошо Викентиев“ (кај Колор).