По повод Денот на шегата – 1 Април, Одделението за јавни дејности во Општина Кочани ја организира традиционалната манифестација „Априлијада“.
Во соработка со основните училишта и Детската градинка „Павлина Велјанова“, на Летната сцена во Центарот за култура „Бели мугри“ ќе настапат групни и поединечни маски. Присутните ќе ги поздрави градоначалникот на Општина Кочани, Ратко Димитровски.
Програмата ќе започне во 11 часот, а први ќе настапат децата од градинката. Потоа својата креативност низ маски ќе ја прикажат учениците од ОУ „Раде Кратовче“, а по нив е настапот на учениците „Малина Попиванова“, „Никола Карев“ и „Св. Кирил и Методиј“.
Традиционално, учениците на „Априлијадата“ ќе дефилираат на релацијата од своето училиште до Центарот за култура.
![](http://192.168.1.5:81/kocani/wp-content/uploads/2018/03/d47ac324d9021b1dfda72c2d30619423.jpg)
![](http://192.168.1.5:81/kocani/wp-content/uploads/2018/03/144ec37bf48aa3e58a3e12bd299572e0.jpg)