РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

                ОПШТИНА КОЧАНИ

                  Бр. 22- 651/12

                  11.03.2020 год.

                      Кочани

 

Согласно заклучоците, мерките и препораките усвоени на седница на Владата на РСМ одржана на ден 10.03.2020 година (Извадок од Нацрт –записникот од  Петнаесеттата седница на Владата на Република Северна Македонија, одржана на 10 март 2020 година Бр.44-2147/1 од 10 март 2020 година), заради преземање на активности за превенција од ширење на болеста COVID-19 ( корона вирус), Градоначалникот на Општина Кочани  го дава следното  

ИЗВЕСТУВАЊЕ

                    Се известуваат граѓаните на Општина Кочани дека се одложува јавната презентација   по  Детален    урбанистички план  за градска четврт 16 Општина Кочани, плански период 2017-2022 конечен предлог план со Технички број 0801-107/17 од февруари 2020, изработен од Друштво за трговија и услуги БИЛД УРБАН ДООЕЛ Скопје, закажана за 16.03.2020 година  во 15 часот.

 За  времето  и местото на одржување на повторната јавна презентација,  и периодот на јавна анкета,  јавноста ќе биде известена со објавување на  ново соопштение.

 

Изготвил/МСЈ

 

    ОПШТИНA КОЧАНИ

          Градоначалник

         Николчо Илијев