Општина Кочани го објави тендерот за уредување и поплочување на површини во Трговскиот центар.
Според јавниот повик за избор на изведувач, објавен на Електронскиот систем за јавни набавки, предвидена е реконструкција на површина од 2 800 метри квадратни. Работите ќе се изведуваат на потегот од платото пред Телеком, на југ кон Павилјонот пред кулата „Треска“, а на исток преку тунелот до паркингот.
Шеталиштето и скалите ќе бидат поплочени со гранитни плочки, овој простор ќе биде осветлен со вградени подни ЛЕД-светилки и рефлектори. Планирано е вградување на клупи со што ќе се подобри фунционалноста и естетскиот изглед на една од најпрометните површини во Кочани.
Реконструкцијата на овој дел од плочникот во Трговскиот центар ќе овозможи да се вгради и одвод за атмосферската вода.
Крајниот рок за доставување на понудите за изведувач е 9 август.