Градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев упати честитка до припадниците на влашката заедница по повод одбележувањето на 23 Mај, Националниот ден на Власите.
– На припадниците на влашката заедница им го честитам националниот празник – 23 Мај, датум што ја одбележува етничката, културната, јазичната, а со тоа и историската посебност и самобитност на Власите.
Придонесот на Власите во унапредувањето на меѓусебните односи е пример за успешно градење на мултиетничко и мултикултурно општество, на кој треба да се повикуваат идните поколенија. Затова повикувам, заедно, обединети да градиме едно општество и да придонесуваме за благосостојба и за просперитет на нашата заедничка татковина – стои во честитката од градоначалникот Илијев.