Врз основа на член 35 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/2014, 44/2015, 193/2015 , 31/2016 ,163/16, 64/18 и 168/18 ) , Градоначалникот на Општина Кочани го дава следното
С О О П Ш Т Е Н И Е
Се известуваат граѓаните на Општина Кочани дека Градоначалникот на Општина Кочани донесе Одлука за организирање повторна јавна презентација и јавна анкета по конечен предлог Урбанистички план за село Грдовци Општина Кочани плански период 2016-2026 , со Технички број 71/17 од април 2019, изработен од Институт за урбанизам, сообраќај и екологија „ ИН-ПУМА“ ДОО Скопје Површината на планскиот опфат изнесува 41,84ха .
Границите на планскиот опфат се следните:
– На запад границата на планскиот опфат започнува и се движи во североисточен
правец, долж источната граница на патот на КП4208, преминува преку патот и продолжува долж јужните граници на КП4195, КП4196, потоа кон север должзападната граница на КП4195 сè до ул.„Плачковица“, ја преминува и се движи по јужната граница на КП1747/1, сè до каналот за наводнување на КП4299 ипродолжува долж неговата северна граница со КП4152, КП4151, КП4150, и КП4149;понатаму продолжува во северисточен правец и ја сече КП4148, и по северната граница на улица „Плачковица“, сè до КП 4142, каде се движи по границата со КП 4143, сè до КП4229 (канал за наводнување), а потоа продолжува по северните граници на КП4142, КП4131, КП 4130, КП 4132, КП4127, КП4126 и КП3455/1, КО Грдовци, општина Кочани;
– На север продолжува во источен правец сечејќи ги КП 3456, КП3458/2, КП3458/1,КП3459, КП3460, КП3461/1, сè до западната граница на КП3461/2, а потоа се движи по нејзината граница кон север, а понатаму по северните на граници на КП3462, КП3573, КП3572, КП3553/1, КП3553/2, КП3554, КП3555, КП3557 и КП3556; потоа ја сече КП4222, и се движи во северозападен правец по западната граница на КП3544/2, ги сече КП3543/2, КП4221, продолжува по западни граници на КП3479, КП3479, КП3478, КП3471, КП3469, од каде оди во источен правец преку ул.„Гишо Донев“ и по нејзината источна граница се движи кон југ сè до северната граница на КП3482; оттаму се движи по североисточни граници на КП3483, КП3484, КП3535/1, КП3534, КП3530, КП3529, КП3527, КП3493 и КП3520; сече дел од КП3495, продложува кон исток по северните граници на КП3496, КП3498, КП3500/1, КП3501/1, КП3502, КП3505, КП3508, ја сече КП3507, продолжува северно од КП3746, ја сече КП3748 и се движи јужно до јужната граница на КП4222 со КП3743, КП3744, КП3745, КП3753/1, КП3754 и КП3755, КО Грдовци, Општина Кочани;
– На исток границата на планскиот опфат продолжува по источните граници на КП 3755, ја сече улица „Маршал Тито“, се движи по границита на КП3770, КП3771 и КП3773/2, потоа се движи по североисточните граници на КП3765, и продоложува по северната граница на ул. „Григор Прличев“ до КП4225; од таму се движи во јужен правец долж западната граница на КП4225 со КП4235, КП3792, КП3794, КП3793, КП3804, КП3806/2, КП3807, КП3808, КП4226, КП3830, КП3831 и КП3834, КО Грдовци, Општина Кочани;
На југ границата се движи во западен правец и ја сече КП3834 по должина, од таму
се движи по јужната граница на 3832/4, КП3821, КП3820, КП3860, КП3859, КП3858, КП3857, КП3856, КП3855, КП3854, ја сече КП4227 и движејќи сè кон југ по нејзината
западна граница преминува преку ул.„Питу Гули“, и се движи по нејзината јужна граница кон запад до КП3963, од каде продолжува долж нејзините источните
граници и границата на КП3967/3, ја сече КП3967/1 сè до ул.„Мите Павлов“ (која води кон с.Зрновци); се движи кон југоисток по нејзината североисточна страна сè до КП459/7, започнува да се движи кон запад, преминува преку улицата и се движи по јужните граници на КП4218/2, КП4218/1, КП4230/1 и КП4216, каде продолжува кон север и ја сече КП4216 и КП3970, потоа се движи на западната граница на КП4216, сè до КП3972, каде свртува кон исток по нејзината јужна граница; од таму продолжува до улицата ул.„Мите Павлов“ и нејзината западна граница, каде се движи кон север, сè до каналот за наводнување КП4228, од каде продолжува кон запад по неговата јужна граница се до ул. „Ване Грдовјански“, ја преминува и продолжува по северната страна на каналот, односно границата на КП4228 со КП4045, КП4043, КП4046, КП4054, КП4056, КП4057, КП4059, КП4072, КП4073,КП4074, КП4075, КП4077/1, КП4079, КП4080, КП4090, КП4091, КП4095, КП4099, КП4100, КП4101, КП4102, КП4103, КП4104/1 и КП4104/2; потоа се движи по југоисточната граница на КП1877/1 и југозападните граници на КП1877/2, КП1871/2 и КП1871/1; се движи до ул.„Плачковица“, и се движи кон југозапад долж нејзината југоисточна граница и долж западната границата на КП4193, од каде повторно се движи кон исток долж северната и источната граница на КП4194/1, и движејќи се долж јужната граница на КП4215, КП4214, КП4213/2, КП4212/1, КП4212/2, КП4211, КП4210 и КП4209, КО Грдовци, Општина Кочани, завршува во точка 312.
Планскиот опфат го опфаќа целосно село Грдовци.
ПОВТОРНА ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА
по предлог Урбанистички план за село Грдовци Општина Кочани , плански период 2016-2026, со Технички број 71/17 од април 2019, ќе се одржи на ден 08.05.2019г. со почеток во 12,30 часот во училиштето во село Грдовци.
ПОВТОРНА ЈАВНА АНКЕТА
по предлог Урбанистички план за село Грдовци Општина Кочани , плански период 2016-2026, со Технички број 71/17 од април 2019, ќе трае најмалку 5 работни дена , а ќе се спроведе во периодот од 06.05.2019 год. до 14.05.2019 год. во кој рок заинтересираните физички и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да достават забелешки и предлози на анкетни листови , во писмена форма, кои можат да ги подигнат во архивата во општинската зграда, од веб страната на Општина Кочани, или во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам. Во прилог на анкетните листови да се достави копие од катастарски план и имотен лист за парцелата за која се доставува забелешката.
Графичкиот прилог од деталниот урбанистички план ке биде изложен на огласна табла пред влезот на зградата на Општина Кочани , на веб страната на општината www.kocani.gov.mk. , а подетални информации во врска со урбанистичкиот план ќе можат да се добијат во одделението за урбанизам и заштита на животна средина кое се наоѓа на 1кат во општинската зграда.

Планска документација и анкетен лист