Во недела на 26 март, општините Кочани, Чешиново-Облешево и Пробиштип со пригодни содржини ќе ја одбележат 110-годишнината од смртта на Никола Карев.

По тој повод во 10.30 ч., делегации од општините, од Крушево, од ученици и планинари ќе положат свежо цвеќе на споменикот на Карев во Тркање. Програмата во Свиланово, месноста каде што загина претседателот на Крушевската република, ќе започне во 12 ч.

Потоа е планиран заеднички ручек во манастирскиот комплекс „Св. Пантелејмон“ во с. Пантелеј.