Врз основа на член 35 став 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр. 199/14, 44/15, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), Градоначалникот на Општина Кочани го издава следното

С О О П Ш Т Е Н И Е

Се известуваат граѓаните на Општина Кочани дека се организира јавна презентација и јавна анкета по Детален урбанистички план за градска четврт 6 Општина Кочани , плански период 2018-2023 предлог план со Технички број 0801/465/17 од ноември 2019, изработен од БИЛД УРБАН ДООЕЛ Скопје, со површина 124,80 ха .
Детален урбанистички план за Градска Четврт 6, Oпштина Кочани, плански период од 2018-2023г. се наоѓа во централниот дел од град Кочани, согласно ГУП за град Кочани.
Границите на планскиот опфат се следните:
Од Север: По граница на ГУП на Град Кочани;
Од Исток: По осовина на регулирано речно корито на река „Кочанска“;
Од Југ: По осовина на ул. „Стево Теодосиев“;
Од Запад: По осовина на ул. „Страшо Ербапче“,

ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА по
Детален урбанистички план за градска четврт 6 Општина Kочани плански период 2018-2023 предлог план, ќе се одржи на ден 03.12.2019г. со почеток во 1100 часот во салата на советот на Општина Кочани.

ЈАВНА АНКЕТА по Детален урбанистички план за градска четврт 6 Општина Kочани плански период 2018-2023 предлог план ќе трае 24 работни дена , а ќе се спроведе во периодот од 02.12.2019 год. до 03.01.2020год. во кој рок заинтересираните физички и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да достават забелешки и предлози на анкетни листови , во писмена форма, кои можат да ги подигнат во архивата во општинската зграда, од веб страната на Општина Кочани, или во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам. Во прилог на анкетните листови да се достави копија од катастарски план и имотен лист за парцелата за која се доставува забелешката.
Графичкиот прилог од деталниот урбанистички план ќе биде изложен на огласна табла пред влезот на зградата на Општина Кочани , на веб страната на општината www.kocani.gov.mk. , а подетални информации во врска со урбанистичкиот план ќе можат да се добијат во одделението за урбанизам и заштита на животна средина кое се наоѓа на 1кат во општинската зграда.

Линк до документите.