ЈАВЕН ПОВИК

За изготвување на стратегија за спорт на општина Кочани

 

До

Сите заинтересирани

Дата:               07.08.2020.

 

Предмет: Повик за доставување на понуди од надворешни консултанти за подготовка на стратегија за развој на спорт на општина Кочани

Почитувани,

Општина Кочани Ве поканува да доставите понуда за испорака на услуга подготовка на стратегија за развој на спорт на општина Кочани.          

  • Понудата треба да ги содржи следниве информации:
  • Финансиска понуда (документ во прилог, анекс 1);
  • Предлог методологија (формулар даден во прилог, анекс 2);
  • Биографија на експертот;

На повикот имаат право да се пријават сите заинтересирани физички лица, резиденти во Р.Македонија. Повеќе детали за условите и начинот на пријавување можете да најдете во документот „Услови за работа“.

Понудата се доставува во затворен коверт во архивата на Oпштина Кочани (ул.„Раде Кратовче“  бр. 1, Кочани) или скенирана на е-пошта info@kocani.gov.mk

На надворешната страна на ковертот, или во насловот на електронската порака наведете: ,,За тендер Реф. Бр._____________ “ и текстот „Да не се отвора пред сесијата за евалуација”.

Докумените во понудата доставени по е-пошта треба да се скенирани и со потпис.

Понудата треба да се достави во рок од 8 дена од датумот на повикот, не подоцна од 14.08.2020 година (петок), до 15:00 часот.

Сите понудувачи кои доставиле понуди кои ги исполнуваат условите ќе бидат разгледани од страна на евалуционата комисија и соодветно известени.

 

Со почит,

 

Линк до јавниот повик.