Според предмерот, градежните активности ќе се реализираат на траса во должина од еден километар, односно ќе почнат од Кружниот тек кај Полицијата. Постојниот коловоз ќе се реконструира, кај Двојниот мост ќе се изгради нов кружен тек и ќе се отстранат објектите на земјиштето коешто беше предмет на експропријација. Овој градежен зафат ќе заврши со кружен тек кај „Вел-јан“.
– На овој проект работиме повеќе од три години. Сметам дека неговата реализација е особено значаен исекор за сообраќајната инфраструктура во Кочани затоа што ќе овозможи побезбедно движење во централното градско подрачје. Едновремено, грдата слика од запуштени објекти ќе се замени со сосема нов, урбан лик. Целосно решавање на проблемите во сообраќајот во центарот на Кочани ќе имаме со изградба на катна гаража, на чие вклопување во урбанистичката документација работат стручните служби од Општина Кочани – истакна Николчо Илијев, градоначалник на Општина Кочани.
Според Илијев, овој ифраструктрен проект ќе претставува продолжување на реконструкцијата на „Тодосија Паунов“, улица на која веќе е во тек изградбата на нови кружни текови.