Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ (АВРСМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и општина Кочани , Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2020 година усвоен од Владата на Република Северна Македонија, Програмата Општинско – корисна работа, финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РСМ, на ден 20.08 2020 година се објавува:
Ј А В Е Н П О В И К
до
евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа – СДЦ Компонента
Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во Програмата „Општинско-корисна работа-СДЦ“, проект “Мисија” за работно ангажирање со скратено работно време за период од
- 6 (шест) месеци (доколку поседуваат соодветен сертификат за давање на социјални услуги);
- 7 (седум) месеци (доколку преку Програмата треба да се стекнат со соодветен сертификат за давање на социјални услуги), и
заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување- Центар за вработување Кочани.
Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа-СДЦ“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно, при што за време на работниот ангажман од
- 6 (шест) месеци (доколку поседуваат соодветен сертификат за давање на социјални услуги)
- 7 (седум) месеци (доколку преку Програмата треба да се стекнат со соодветен сертификат за давање на социјални услуги)
Статусот на невработените лица останува непроменет, а на невработените лица-корисници на социјална помош за времетраење на работниот ангажман ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.
Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во Програмата.
За кандидатите кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ се предвидува паричен надоместок во висина од 9.000,00 денари бруто износ, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.
Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:
-лица со попреченост
-жени припадници на ромската етничка заедница и на останатите етничките заедници
-лица припадници на ромската етничка заедница
-основно или средно образвание
Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на :
- 5 придружници за лица со попреченост
(Помош во набавка на производи,плаќање на сметки,придружба до болница,разговор со него,хигена во домот,подготовка на храна и сл.)
Заинтересираните невработени лица Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа-СДЦ“ можат да поднесат во Агенција за вработување- Центар за вработување Кочани во периодот од 20.08 2020година до 26.08 2020 година, од 08:00 до 14:00 часот.
Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу општина Кочани и избраните кандидати.
Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во општина Кочани кај лицето Аника Илиевска Ѓорѓиева и Лилјана Арсова , Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“, Агенција за вработување- Центар за вработување Кочани кај лицето Ацо Серафимов, Центар за социјална работа Кочани кај лицето Дејан Лазаров.