Почитувани сограѓани,
Од мое лично име и од името на Општина Кочани, Ви го честитам 11 Октомври, Денот на востанието на македонскиот народ.
Овој датум означува уште еден почеток на борбата за ослободување и самобитност на македонскиот народ. На 11 Октомври е поставен уште еден од темелите на македонската државност.
Овој голем празник потсетува дека Македонија била и секогаш ќе биде на страната на прогресот, демократијата и слободата.
Празнувајќи го овој ден, им оддаваме почит на сите учесници во вооруженото и антифашистичко востание, кои ги вградија животите за денешната слобода.
Нека ни е честит 11 Октомври!
Градоначалник на Општина Кочани,
Ратко Димитровски