Во организација на Општина Кочани, а со финансиска поддршка од Швајцарската агенција за развој и соработка и во соработка со Единицата за координација на форумите, во Кочани, на 06 октомври 2016 година, се одржа првата форумска сесија од буџетскиот форум, кој е дел од програмата „Форуми во заедницата“.

На форумската сесија присутните ги поздрави градоначалникот на Кочани, Ратко Димитровски .

Целта на буџетскиот форум е граѓаните да добијат целосен увид во приходите и расходите на општината и со свои предлози да учествуваат во креирањето на општинскиот буџет за 2017 година, во рамките на стратешкиот развоен план и приоритетите за развој на општината за наредната година.

Раководителот на Одделението за финансиски прашања, Дејан Рашков , на присутните граѓани им го презентираше процесот на буџетирање и структурата на буџетот на општината, при што ги запозна со приходите и расходите кои се реализираат во една фискална година, изворите на приходи, нивната распределба, како и намената на буџетските трошоци

Целта на буџетскиот форум е граѓаните да добијат целосен увид во приходите и расходите на општината и со свои предлози да учествуваат во креирањето на општинскиот буџет за 2017 година, во рамките на стратешкиот развоен план и приоритетите за развој на општината за наредната година.

Раководителот на секторот за локален економски развој, Елена Димитровска ги запозна учесниците со реализацијата на стратешкиот развоен план и приоритетите за развој на општината за 2017 година.

Според правилата на форумскиот процес, учесниците на форумот одлучија да работат на 10 работни маси преку кои ќе ги презентираат своите предлози за приоритетни програми и проекти.

Работни маси:

1. Локален економски развој

2. Култура

3. Социјална и здравствен азаштита

4. Образование

5. Спорт и рекреација

6. Урбанистичко планирање, заштита на животната средина и енергетска ефикасност

7. Комунални дејности и инфраструктура

8. Против пожарна заштита

9. Еднакви можности

10. Општинскаа дминистрација

На првата форумска сесија граѓаните ги дадоа своите предлози за стратешки фокусираните области и приоритети за развој на општината за 2017 година, кои би можеле да влезат во општинскиот буџет, во зависност од надлежностите на општината, расположивите средства и оправданоста на предлозите.

Во наредните 4 форумски сесии граѓаните чекор по чекор ќе се запознаваат со приходите и расходите на буџетот, учесниците ќе имаат можност да се запознаат со буџетските програми на општината, да дискутиораат по истите, и да даваат свои предлози и препораки и нивно позиционирање според приоритет.

Следната форумска сесија, ќе се одржи на 1 ноември.

Сите заинтересирани граѓани можат да учествуваат на форумот.