По повод празникот Курбан Бајрам, градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев, испрати честитка до верниците од муслиманска вероисповед, во која стои:

– Од мое лично име и од името на Општина Кочани на сите верници од исламската вероисповед им го честитам празникот Курбан Бајрам и им посакувам многу здравје, успех и среќа.

Вашите успеси како дел од нашето мултикултурно општество, придонесуваат во остварувањето на заедничката цел – успешна и просперитетна општина.

Во духот на толеранцијата, солидарноста, меѓусебното разбирање и почитување, повикувам да градиме поубава иднина за нашата општина и за сите нејзини граѓани – стои во честитката од градоначалникот.

На крајот, Илијев посака верниците да ги поминат празничните денови во љубов, радост и духовен мир.