По полуфиналните средби што се одиграа во рамките на Петровденскиот турнир во мал фудбал, в среда, 12 јули, со почеток од 20 ч., на теренот во СОУ „Љупчо Сантов“ ќе се одигра финалниот натпревар меѓу екипите на „Ауто велт“ и „Фичобарбер Шери казино“.

Претходно, во 19 ч. за третото место ќе се борат екипите на „Амфенол“ и „Рели“.

Најдобрите три екипи ќе добијат 60 илјади, 30 илјади и 15 илјади денари, а ќе бидат прогласени и најдобар играч, стрелец и голман.

Петровденскиот турнир во мал фудбал е дел од содржините со кои Општина Кочани го одбележува празникот на Кочани, Петровден. Турнирот е во организација на ОФС – Кочани.