Утрово, стручна екипа на  Центарот за јавно здравје – Скопје ја спроведе втората  фаза од превентивното, од земја, дезинсекционо третирање за заштита од комарци.

Со дезинсекцијата се опфатени 300 хектари, локации на подрачјето на градот Кочани и селата: Тркање, Мојанци, Горни и Долни Подлог, Грдовци, Прибачево и Оризари.

Третирањето се изведе со воднорастворлив широкоспектарен инсектицид  за третирање  комарци одобрен од Бирото за лекови.

Следното прскање против комарци во Кочанско ќе биде авионско.