В сабота, на 4 април, во спортската сала на ОУ „Малина Попиванова“ ќе се одржи првиот училиштен турнир во пинг-понг.
На турнирот ќе се натпреваруваат екипи од петте кочански основни училишта, во машка и женска конкуренција.
Турнирот се организира со поддршка од Општина Кочани и од неодамна обновениот Пинг-понг клуб „Кочани“. Целта е да се популаризира овој спорт кај младата генерација.
Натпреварите ќе започнат во 10 ч.