Поради поголем број градежни активности на патната инфраструктура во Кочани, во примена се времени измени на режимот и условите на сообраќај заради што Општина Кочани ги замолува сите учесници во сообраќајот за поголемо внимание, трпение и претпазливост.

Независно од вертикалната и хоризонталната сигнализација, неопходно е почитување на постојните законски регулативи за брзина. Според Законот за безбедност на патиштата во сообраќајот, возачот е должен брзината на движењето на возилото да ја приспособува кон својствата и состојбите на патот, видливоста, прегледноста, атмосферските услови, состојбата на возилото и товарот, густината на сообраќајот и другите сообраќајни услови, на начин да може навремено да го запре возилото пред секоја пречка што под дадените услови може да ја предвиди.