Заврши реконструкцијата на улицата „Д-р Николиќ“. По гребењето на оштетената површина, се постави нов асфалтен слој во должина од 300 и широчина од 6 метри.
Реконструкцијата на улицата опфати подигање на канализациските сливници и прилагодување на постојните шахти за прифаќање на атмосферската вода. Вкупната површина на која е надграден нов асфалт изнесува околу 2000 метри квадратни. Изведувач на градежните работи беше Градежното претпријатие „Стоименов“ од Кочани.
Улицата „Д-р Николиќ“ е една од најпрометните сообраќајници во централното градско подрачје, посебно во пазарен ден, бидејќи е втора сообраќајна врска кон северниот дел од градот и кон браната Гратче. Досега на оваа улица немало поголеми зафати за реконструкција уште од нејзината изградба пред околу 3 децении.