Вкупно 30 студенти кои ги исполнуваат условите за добивање општинска стипендија пропишани во Правилникот за стипендирање, ќе бидат стипендисти на Општина Кочани за студиската 2022/23 г.
Според Комисијата за доделување на студентските стипендии, на конкурсот пристигнале 35 пријави. Од нив 17 студенти добиле стипендија за постигнат висок успех во студирањето, осуммина се од социјално загрозени семејства и петмина студенти се од медицински науки.
Петмина од пријавените кандидати не ги исполниле условите да добијат стипендија поради некомплетна документација, несоодветен просек или не се студенти на државните универзитети.
Стипендиите со месечен износ од 3 илјади денари ќе се доделуваат за период од десет месеци за студиската 2022/23 година.
Одлуката за доделување стипендии на студенти за студиската 2022/2023 година е објавена на веб-страницата на Општина Кочани.