Трибината, со свое излагање за реализираните активности за ромската заедница во Кочани, ја отвори градоначалникот Љупчо Папазов, кој говореше за општинските мерки и активности во повеќе области: образованието, социјалата, урбанизмот и инфраструктурата.
Видувања за состојбите и за напредокот на Ромите во Кочани изнесоа и Јалчн Неџипов, како претставник на „Ромалитико“ и Мануела Саидова од невладината организација „Светла иднина“.
Ученици од ОУ „Раде Кратовче“ ја презентираа ромската химна на ромски и на македонски јазик.
Вечерва, со почеток во 17 часот на Градскиот плоштад ќе се одржи и културно-забавна програма, на која ќе настапат повеќе музички интерпретатори, оркестри, диџеи, а публиката ќе има можност да проследи и стендап комедија.