Во пресрет на Рамазан бајрам, градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов упати честитка до граѓаните од исламска вероисповед.

– На  сите верници од исламска вероисповед им го честитам големиот верски празник Рамазан бајрам. Празникот на братската љубов и на хуманизмот нека нѐ учи сите дека верската различност треба да биде мост за зближување, за подобро разбирање и поголема толеранција.

На муслиманските верници им го честитам празникот и им посакувам  здравје, бериќет и милост во секој дом, духовен, морален и солидарен напредок –  стои во честитката од градоначалникот Папазов.