Во пресрет на новогодишните празници, Фолклорниот ансамбл „Љупчо Сантов“ од Оризари, по 22. пат, во Домот на културата во Оризари го одржа традиционалниот новогодишен концерт.

На концертот без презентирани кореографии од изворниот и уметничкиот фолклор, а настапи и оркестарот со младите талентирани музичари.

Во 2023 година Фолклорниот ансамбл „Љупчо Сантов“ од Оризари имаше 36 учества и 77 настапи на фестивали, манифестации, емисии и работилници во Македонија и во странство.

Покрај добиените благодарници, дипломи и пофалници за учество на фестивали, Фолклорниот ансамбл од Оризари, освои и награди на фестивалите што имаат натпреварувачки карактер.