На крајот на 2023 година, кочанските основни училишта во соработка со приватниот сектор и поединци, подарија новогодишни пакетчиња  на ученици од одделенска настава. Пакетчиња добија и децата згрижени во Детската градинка „Павлина Велјанова“.

Претпријатијата што го поддржаа доделувањето на новогодишните пакетчиња, им ја честитаат Новата година на најмладите и им посакуваат сè најубаво во неа.

Општина Кочани им благодари на сите компании и поединци кои по повод новогодишните и божиќните празници ја покажаа својата општествена одговорност кон нашите најмлади сограѓани.