Општина Кочани распиша јавен повик за доставување предлози за двете највисоки општински награди: Наградата за значајни остварувања во развојот на општината и Наградата за животно дело.

Наградата за значајни остварувања во развојот на општината, која е во форма на плакета,  се доделува на поединци, групи, творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани.

Општина Кочани ќе додели и Награда за животно дело, во случаи на исклучителни резултати и остварувања во областа на науката, иноваторството, уметноста, стопанството и во други дејности од јавен карактер, по претходна оценка од Одборот за доделување на награди на општината Кочани.

Предлозите за кандидати за наградите, писмено образложени и аргументирани се доставуваат до Одборот за доделување награди на Општина Кочани на адреса: Општина Кочани , ул. „Раде Кратовче“ бр.1.

Јавниот повик е отворен до 25 август 2020 година.