Со цел да се идентификуваат инфраструктурните потреби на населението, в среда, на 27 ноември 2019 година, Општина Кочани организира средби со жителите на селата Прибачево и Оризари.
Средбата во Прибачево ќе се одржи во училишната зграда во 17:30 ч., а во Оризари – во Домот на културата, од 18:30 ч.
Средбите со граѓаните се во функција на креирањето на Буџетот на Општина Кочани за 2020 година.