Спортската сала за гимнастички спортови е еден од најстарите затворени објекти за спортување во Кочани. Се наоѓа на источната страна од плоштадот, во централниот дел на градот. Наменета е за гимнастика и за други рекреативни спортови. Нејзината вкупна површина е 1087 м2, а корисната површина е 368 м2.
Ја користат гимнастичарите од Клубот за гимнастички спортови „Кочани“ и неколку фитнес и аеробик клубови во Кочани.