На крајот на 2015 година во Кочани беше пуштен во употреба новиот современ погон за преработка на ориз, „Левидиагро“, сместен во фабриката „Жито ориз КО“.

Станува збор за турска инвестиција во висина од 4 милиона евра, фабрика со најсовремена технологија за сушење и лупење на оризот, чиј капацитет е 36 илјади тони на годишно ниво.

Со „Левидиагро“, но и со натамошната соработка со кооперантите од новите земјоделски задруги во Кочанско се очекува подобар пласман на кочанскиот ориз на турскиот пазар. Овој производен капацитет, покрај тоа што ќе го снабди домашниот пазар со висококвалитетен ориз, ќе овозможи да се одговори и на потребите на европските пазари. Освен тоа, целта на „Левидиагро“ е да воспостави нови односи со земјоделците, преку финансиска поддршка на земјоделските задруги за нивно непречено функционирање.