Борачот Филип Ангелов, член на БК „Спартак“ од Кочани е стипендист на Општина Кочани за спортските резултати што ги постигнаа во борењето минатата година.
Ангелов, кој е активен спортист во борењето пет години и е носител на повеќе високи награди на домашно и на меѓународно ниво во 2025 година, е единствениот кандидат што во целост ги исполни пропишаните услови за користење на општинската спортска стипендија.
Во период од 10 месеци, Филип Ангелов ќе биде стипендиран со месечен износ од 3 илјади денари.
Годинава, од вкупно четирите пријави за спортски стипендии, пријавената кандидатка за стипендија во спортови во женска конкурецнија не го исполни основниот критериум – да не е корисничка на оваа стипендија повеќе од двапати едноподруго.
Општинската стипендија за спортист и спортистка – спортски надежи има за цел да ги поттикнува младите од Кочани да спортуваат и да остваруваат резултати.























