ул. „Раде Кратовче“ бр.1, 2300 Кочани • +389 33 274 001
Република Северна Македонија

Општина Кочани

Новости

Одбележани 121 година од смртта на Никола Карев и патрониот празник на училиштето

Одбележани 121 година од смртта на Никола Карев и патрониот празник на училиштето

По повод навршувањето 121 година од смртта на македонскиот револуционер и претседател на Крушевската Република, Никола Карев, градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов и повеќе делегации положија свежо цвеќе на спомениците на Карев во школскиот двор и во Паркот на Револуцијата во Кочани.

Одбележувањето на патрониот  празник на ООУ „Никола Карев“ годинава беше под знакот на хуманоста, другарството и емпатијата, кои, како што беше истакнато во рамките на празнувањето, се многу повеќе од научена лекција од учебник.

Во пресрет на патрониот празник на училиштето, Извидничкиот одред „Никола Карев“ изведе марш до Свиланово, во чест на патронот. Ученици и наставници од кочанското училиште што го носи името на Карев се поклонија на спомен-обележјето и положија свежо цвеќе.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email