По иницијатива на Општинскиот одбор на Сојузот на борците од НОВ, на 8 мај во 14 ч. на локалитетот Пониква, кај објектот на Општина Кочани ќе биде откриена спомен-плоча со која ќе се одбележи работењето на Воената болница во периодот од јуни до ноември 1947 година.
На спомен-плочата е запишано:
„Овде на Пониква, во околните згради (поранешни воени касарни) во периодот јуни-ноември 1947 година, во најголема тајност функционираше Воена болница во која се лекуваа над 600 ранети и болни бор од Демократската армија на Грција.
9 мај 2015 г.
Општина Кочани
Сојуз на борците од НОАВМ – Кочани“