На 8 мај, со почеток во 12 ч. на Летната сцена на Центарот за култура „Бели мугри“, Општина Кочани и ЕУ Инфо-точката во Македонија организираат манифестација по повод одбележувањето на 9 Мај, Денот на ЕУ.

По тој повод, учениците од основните и средните училишта од Кочани ќе претстават пет држави – членки на ЕУ: Романија, Обединето Кралство, Шпанија, Словачка и Финска.

Во рамките на манифестацијата, со реквизити и печатен материјал ќе биде претставена и Етнокуќата како проект на ЕУ реализиран во Кочани, а ќе настапат и музичките состави „Акустик меднес“ од Кочани и „Стенд бај“ од Штип.

Општина Кочани ги повикува граќаните да се придружат во одбележувањето на Денот на Европската унија.