Во рамките на активностите за борба против родово базираното насилство, в недела на 12.12.2021 година во 12 ч.,  со собир во во Градскиот парк, Општина Кочани ќе ја поддржи кампањата што се реализира по иницијатива на Билјана Ангелова, сопруга на амбасадорот на Република Бугарија.

Ангелова, преку социјалните мрежи повикува на поддршка на жените и децата, жртви на родово базирано насилство и преку донации на телефоните: А1 143 133 и Телеком 143 999. Заинтересираните можат да се вклучат и онлајн, преку порака напишана на дланките и споделена фотографија на социјалните мрежи со хаштази: #бидихрабра #стопнадомашнотонасилство.

Кампањата на Ангелова е замислена како долгорочна акција, а собирите на 12 декември  тивко треба да ја истакнат поддршката на жртвите на семејно насилство, да им се објаснат нивните права и да се едуцираат каде треба да побараат помош, доколку им е потребна.

Општина Кочани ги повикува граѓанките и граѓаните да земат активно учество и да дадат придонес во јакнењето на свеста за борбата против семејно и секаков друг вид насилство.