Ангелова, преку социјалните мрежи повикува на поддршка на жените и децата, жртви на родово базирано насилство и преку донации на телефоните: А1 143 133 и Телеком 143 999. Заинтересираните можат да се вклучат и онлајн, преку порака напишана на дланките и споделена фотографија на социјалните мрежи со хаштази: #бидихрабра #стопнадомашнотонасилство.
Кампањата на Ангелова е замислена како долгорочна акција, а собирите на 12 декември тивко треба да ја истакнат поддршката на жртвите на семејно насилство, да им се објаснат нивните права и да се едуцираат каде треба да побараат помош, доколку им е потребна.
Општина Кочани ги повикува граѓанките и граѓаните да земат активно учество и да дадат придонес во јакнењето на свеста за борбата против семејно и секаков друг вид насилство.