Во знак на почит и одбележување на една година од трагичниот пожар во Кочани, на 15 март 2026 година се одржа велосипедска тура низ Кочани и населените места.

Настанот обедини голем број граѓани, рекреативци и млади, кои со заедничко возење низ локалната средина оддадоа почит кон настраданите и испратија порака за солидарност и заедништво.

Во велосипедската обиколка на Кочани учествуваше градоначалникот Владко Грозданов, кој истакна дека оваа тура е дел од низата спортски настани со кои Кочани се сеќава на прерано згаснатите млади животи.

– Со вакви настани го негуваме сеќавањето, но и ја поттикнуваме свеста за важноста од меѓусебна поддршка во тешки моменти – додаде градоначалникот пред стартот на возењето од Градскиот парк во Кочани.

Велосипедската тура помина во мирна и достоинствена атмосфера, со симболични запирања на повеќе локации во градот.