ул. „Раде Кратовче“ бр.1, 2300 Кочани • +389 33 274 001
Република Северна Македонија

Општина Кочани

Новости

Меморијален планинарски марш „Ивона Антова и 63 ангели“ – Пониква 2026

Меморијален планинарски марш „Ивона Антова и 63 ангели“ – Пониква 2026

На 15 март 2026 година, на Пониква, повеќе од илјада планинари, пријатели и луѓе со големо срце од цела Македонија, како и од Србија и Бугарија, зачекорија заедно на меморијалниот планинарски марш „Ивона Антова и 63 ангели“.

 

Во тишина, со почит и со многу емоции, колоната се движеше по Патеката на ангелите, сè до највисокиот врв на Пониква – Панаѓур (1669 м н. в.).

– Овој марш не е само искачување на планина – ова е марш на сеќавање, достоинство и заедништво, кој ќе продолжи да се одржува секоја година – истакнуваат организаторите.

По завршувањето на маршот, за сите учесници беше обезбеден ручек, а беа доделени и благодарници за клубовите и поединците што помогнаа во неговата реализација.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email