На 41 редовна седница, членовите на Советот на Општина Кочани донесоа одлука за намалување на висината на надоместокот за уредување на градежно земјиште, утврдена со Програмата за уредување на градежно земјиште за 2015 година за 20 %. Намалувањето се однесување за објекти со намена домување и комерцијални дејности, освен за викенд-куќите на Спортско-рекреативниот центар „Пониква“.

Советот расправаше и по информацијата за чистењето на одводните канали и речните корита на подрачјето на општина Кочани, а во врска со планот за чистење на каналите и речните корита на подрачјето на општина Кочани за 2016 година Советот предложи да се упати барање до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за одобрување на дополнителни количини нафта неопходни за чистење на речните корита во Кочанско.

Советот ги прифати информацијата за активностите на организациите на лица со хендикеп и програмте за работа за 2016 година на сите организации на лицата со хендикеп во општина Кочани како и плановите за запишување на ученици во прва година во општинските средни училишта „Љупчо Сантов“ и „Гошо Викентиев“ во учебната 2016-2017 година.