В среда, на 13 март 2019 година, со почеток во 9 часот, Советот на Општина Кочани ќе ја одржи 23. седница со следниот предлог-дневен ред:
- Разгледување на завршните сметки за 2018 година на општинските основни и средни училишта за 2018 година, ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ и ЈОУ Библиотека „Искра“;
- Извештај за реализација на Програмата за уредување на градежно земјиште на општина Кочани за 2018 година;
- Извештај за реализација на Програмата за работа во областа на располагање со градежно земјиште во сопственост на Република Македонија на подрачјето на општина Кочани за 2018 година;
- Извештај за реализација на Програмата за изградба на фекална и атмосферска канализација во општина Кочани во 2018 година;
- Извештај за реализација на Програмата за изградба и реконструкција на системи за водоснабдување на подрачјето на општина Кочани во 2018 година; 6. Завршна сметка на Буџетот на Општина Кочани за 2018 година;
- Годишен извештај на Општина Кочани за 2018 година;
- Извештај за финансиското работење на КЈП „Водовод“ – Кочани во 2018 година;
- Завршна сметка на КЈП „Водовод“ – Кочани за 2018 година;
- Одлука за распоредување на нето-добивката остварена во годишната сметка за деловната 2018 година;
- Годишен план за вработување во Општина Кочани за 2020 година;
- Предлог-одлука за покренување постапка за ажурирање на Процената на загрозеност на подрачјето на Општина Кочаниод од сите ризици и опасности.