На 10 ноември Советот на Општина Кочани ќе ја одржи 38 седница.
Според предлог-дневниот ред, членовите на Советот ќе работат по девет точки: Извештајот за работењето со финансиски показатели на КЈП „Водовод“ за периодот од 1 јануари до 30 септември оваа година, Извештајот за извршување на Буџетот на Општина Кочани за III квартал од 2015 година, предлог-програмите за изградба на фекална и атмосферска канализација, за изградба на системи за водоснабдување, за уредување на градежно земјиште, за јавно осветлување, за изградба и одржување на општинските патишта и улици, предлог-програмата за работа во областа на располагање со градежно земјиште во сопственост на Република Македонија како и Предлог-планот на програми за развој на општина Кочани за периодот од 2016-2018 година.
Седниците на комисиите ќе се одржат в понеделник, на 9 ноември. Комисијата за комунални работи, планирање и уредување на просторот и заштита на животната средина ќе работи од 11 ч., а Комисијата за финансии и локален економски развој од 12 ч.